skip to Main Content

Екипата на Отворено Студио 1 на првиот работен состанок (Фото)

Екипата на Отворено Студио 1 на првиот работен состанок (Фото)
  • 07.09.2018

Најбрзорастечката телевизија во земјава, 1ТВ стартува со нова програмска шема. Новата сезона ја започнуваме со уште поголем тим во кој ги спојуваме искуството, енергијата и креативноста. Со цел навремено, брзо и точно информирање, но и анализирање на состојбите во тимот додадовме лица кои преку 20 години ве дружат на ТВ-екраните. Проширениот уреднички и новинарски тим на 1ТВ ќе ви ги долови најновите, најинтересните и најбрзите информации:

„Отворено Студио – Студио 1“ – емисија која се емитува секој ден во живо, од 14:00-23:00 часот – отворено студио кое третира актуелни теми од eкономија, политика, спорт, мода и кулутура, како и дневно информативни изданија на вестите. „Студио 1“ претставува интересен и интерактивен формат, кој вклучува познати водители кои ќе ротираат на дневно ниво (Јадранка Костова, Александар Чомовски, Сашо Орданоски, Борјан Јовановски, Ацо Кабранов, Анета Кочишки, Христијан Баневски и Влатко Чаловски) водители и гости на различни теми, актуелни или креирани. Во рамките на „Студио 1“ ке се емитуваат и неколку авторски емисии, како што се емисии за кулинарство, квиз-изданија и емисија за мода, „1 минута“.

 

 

 

Back To Top