skip to Main Content

Една еуфорична и друга деструктивна позиција пред референдумот за името, НАТО и ЕУ – тема на „Уреднички брифинг“

Една еуфорична и друга деструктивна позиција пред референдумот за името, НАТО и ЕУ – тема на „Уреднички брифинг“
  • 29.06.2018

Генералниот секретар на НАТО по работната средба со премиерот Заев соопшти дека сме на прагот на НАТО и дека на престојниот Самит на Алијансата на 11 и 12 јули, НАТО ќе упати покана до Македонија за полноправно членство во Алијансата. Условот е целосно да се заврши Договорот што во грчкиот дел на Преспа го потпишаа шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција во присуство на премиерите Заев и Ципрас.

Претходно премиерот Заев имаше средба со претседавачот на Советот на Европа Доналд Туск и тој го повтори она што шефовите на дипломатиите во Луксембург го подвелкоа – датум за почнување на преговори со Европската Унија во јуни наредната година.

Гости во „Уреднички брифинг“ беа Љупчо Петковски од ЕВРОТИНК Центар за европски стратегии и Борјан Јовановски, новинар и познавач на европските и евроатлантските интеграции.

Процесот на имплементација на Договорот со Грција ќе биде комплексен. Јас во јавноста гледам две екстремни позиции – едната е премногу еуфорична а другата е премногу деструктивно настроена кон целиот процес. Јас со двете не се согласувам. Со првата сум поблизок, верувам и сакам целиот процес да успее, но мислам дека има многу замки и најголема замка е  референдумот. Имаме многу малку време до референдумот. Прашањето е тешко за голтање и начинот на кој сето ова се преставува не ме прави оптимист дека ќе има јасно мнозинство кај етничките Македонци.

– Мислам дека многу треба да се поработи на тоа – а оваа емисија ја гледам и во тој контекст. Анкетите велат дека луѓето поддржуваат влез на Македонија во ЕУ, постои силно мнозинство за тоа, но е тешко прашање за емотивно голтање и од друга страна знам дека треба малку да се  спушти на земја целата голема приказна и на шраѓаните повеќе да им се објасни кои се конкретните добивки од целиот процес доколку се откочи. Исто така и да збориме што доколку тоа не се откочи. Кои се замките опасностите, големите игри коишто се случуваат во регионот итн, вели Петковски.

-Во неколкуте заклучоци на НАТО Самитите кои се одржаа во минатите години од 2009 па наваму, стои дека е потребно решение за името. Ова што сега Договорот е потпишан, тоа не значи дека имаме и решение, бидејќи решението е коа тоа ќе биде имплементирано. Вистинскиот пат за имплементација на тој договор може да се отвори само по референдумот. Доколку тој биде успешен тогаш започнува практично имплементацијата и во таа смисла многу е логична изјавата на Генералниот секретар дека – да, Македонија влегува како што рековме, но тоа неможе да значи – еве потпишавме договор, па после ќе видиме што, ај ќе влеземе па после ќе видиме што ќе се прави со договорот. Се бара тој Договор да биде од А до Ш завршен, имплементиран и целиот процес заокружен. Инаку, сите земји кои досега влегле во НАТО биле подложени на една процедура, тоа што сега се нарекува преговори за членство.

– Тоа е повеќе административна процедура, не е онаква каква што се преговорите за членство во ЕУ. Има прилагодување на различните институции кои треба да почнат да функционираат во таа голема машинерија на НАТО. Тоа е едниот дел и вториот дел е времето кое реално е потребно за приемот на Македонија биде ратификуван во парламентите на сите земји членки на НАТО. Сега може да претпоставиме и да не е референдумот што го споменува Столтенберг – доколку не пројде, точно сите земји членки на НАТО да го ратификуваат договорот, Грција сигурно нема да го ратификува.

– Една земја ако не го ратификува договорот вие неможе да станетеи да бидете членка на НАТО. Сметам дека НАТО е извесна работа доколку референдумот успее и точно е дека треба да се обрне сериозно внимание на тој процес. Се работи за договор кој е тежок. Никој не е среќен – ни јас лично што Македонија мора да го смени името, тоа е емотивно прашање. Затоа треба да се објасни зошто ние потребно да покажеме некаква прагма, некаква рационалност, бидејќи тој договор ни штети на идентитетот, а од друга страна ни отвора едни перспективи кои се стварно повеќе од нужни за ова општество, рече Јовановски.

Back To Top