skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Алтернатива е новото име на партијата на Африм Гаши – Беса останува на Касами
Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех на Скопје и Атина
Бугарија в среда ќе го ратификува Протоколот за НАТО
Северна Македонија денеска на агендата на министрите за надворешни на ЕУ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Единствена Македонија: Заев упорно бега од двојни избори

Единствена Македонија: Заев упорно бега од двојни избори
  • 03.02.2019

Зоран Заев и денес ја одложи најавената одлука на СДСМ за предвремени парламентарни избори како што тоа го направи на неколку пати во изминатите денови, со што покажува дека е преплашен од соочување со народот, велат од Единствена Македонија.

-Преплашениот Заев очигледно веќе го губи и компасот. Заев се фали во јавноста дека ќе победел на наредните избори а упорно бега од парламентарни избори и соочување со народот за историската иднина на Република Македонија.

Странскиот измеќар Зоран Заев охрабрен од своите газди од НАТО кои не ги интересира грабежот туку само сакаат марионети кои верно ќе служат, продолжува со злоупотреба на буџетот во пресрет на избори.

Така, на пример, Заев од буџетот им даде на општините 50 милиони ера за покривање на заостанти долгови а не испита кој и како ги направил долговите, на Фондот на пензиско од буџетот му даде 19 милиони евра оти некој ги украл парите, а Заев не испита кој и како украл 19 милиони евра на пензионерите и најново Заев од буџетот им исплати 2 милиони евра на лозарите од Кавадарци оти приватна фирма го зела грозјето ама не го платила, а Заев не испита која приватна фирма го земала грозјето и не им го исплатила на лозарите“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Заев безмилосно, велат од Единствена Македонија го решети буџетот за партиски потреби во пресрет на изборите.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top