skip to Main Content

Еден месец 1ТВ (Видео)

Еден месец 1ТВ (Видео)
  • 29.04.2018

Точно пред еден месец во етерот почна да зрачи новата национална 1ТВ. Телевизијата е составена од тим на искусни професионалци со долгогодишно новинарско искуство кои се грижат за воведување и пласирање на различна програмска понуда, со високо квалитетни содржини.

Податокот дека 1ТВ ги сруши сите бариери на гледаност е и фактот дека сајтот на Телевизијата имаше безмалку четири милиони клика од посетители за неполни три дена. Кликнувањата по различни содржини и категории на интернет страницата на 1ТВ се околу милион дневно.

Овие факти говорат дека стартот на новата национална телевизија предизвика и предизвикува досега незапамтен интерес кај публиката. Од вебстраницата се отвораат триста педесет и пет илјади посебни под страници во различните категории за читање или гледање на публикуваните содржини, почнувајќи од 29-ти март, кога во живо почна да се пренесува свеченото отворање на 1ТВ, па заклучно со денешниот ден. Бројот на индивидуални посетители на нашиот вебсајт за само три дена надмина сто и две илјади, а трендот е во постојан пораст, што значи дека бројот на посетители континуирано рапидно се зголемува. Рекордната посетеност на нашиот веб портал, како и растот на користењето на стриминг услугите, ја поттикнуваат и потврдувааат заложбата на 1ТВ да се изгради како најбрзорастечки медиум и да ја оправда довербата од публиката.

Инаку, мисијата на новинарската екипа од телевизијата „1ТВ“ е посветено да работи на подигнување на новинарските професионални стандарди, преку објективно, професионално и непристрасно информирање на граѓаните, сѐ со крајна цел – севкупно подобрување на слободата на изразување и информирање. Водени од мислата за збогатување и дополнување на медиумскиот пејсаж, телевизиската екипа се стреми кон пласирање содржини базирани на начелата за програмски и содржински плурализам, застапеност на различни општествени ставови, по сите општествени прашања и теми, како и актуелизирање на проблемите со кои се соочуваат малцинските групи во општеството. На овој начин, „1ТВ“ придонесува за создавање атмосфера на недискриминација и широка инклузија на сите општествени групи, креирајќи „јавен форум“ во којшто секој е добредојден.

Во рамки на „1ТВ“ се продуцирани и пласирани програмски содржини според принципот на квалитет, држејќи се до основниот концепт на програма со информативно – забавен карактер. Во фокусот на новата национална телевизија е продуцирање на телевизиски продукти, изворно создадени на македонски јазик, поддржувајќи ги и поттикнувајќи ги вокално-инструменталната музика, документарните и играните содржини.

Во рамки на програмата на „1ТВ“ гледачите можат да следат и специјализирани емисии за политика, судство, економија, шоу биз, спорт, сите во сопствена продукција на телевизијата, како и квалитетни домашни и странски филмови. Централна информативна емисија е „Студио 1“, која се емитува секој работен ден од 17 до 19 часот.

Back To Top