skip to Main Content

Европската перспектива на Западен Балкан на агендата разговори Шојбле-Дендиас

Европската перспектива на Западен Балкан на агендата разговори Шојбле-Дендиас
  • 17.09.2019

Мигрантското прашање, активностите на Турција во Егејското море и источниот Медитеран, Брегзит, грчките иницијативи за привлекување инвестиции, но и европската перспектива на Западен Балкан, биле темите за кои, според грчката новинска агенција АНА-МПА, разговарале претседателот на Бундестагот, Волфганг Шојбле и министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас на нивната вчерашна средба во Берлин, jави дописничката на МИА од Атина.

Повикувајќи се на дипломатски извори, АНА-МПА објави дека на средбата посебно била спомената европската перспектива на државите од Западен Балкан, „а прашањето директно се однесува на Бундестагот, кој во следниот период ќе одлучи дали на германската Влада ќе и даде зелено светло за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија“.

-Господинот Дендиас, пренесуваат дипломатски извори, повтори дека Грција, како столб на стабилност во регионот, бидејќи е најстарата држава членка на Европската унија и НАТО, ја поддржува перспективата на земјите од регионот, но одново потенцирајќи дека ќе треба да се почитуваат предусловите и условеноста, пишува АНА-МПА.

Back To Top