skip to Main Content

Дуѕинас: Национализмот во двете земји се две страни на иста монета

Дуѕинас: Национализмот во двете земји се две страни на иста монета
  • 03.04.2019

Гостин во Отвореното Студио 1 беше Костас Дуѕинас, претседавач на Комисијата за надворешна политика на Грчкиот парламент, кој говореше за перспективите на Преспанскиот договор и иднината на грчко – македонските односи.

Г.Коѕијас, добро дојдовте во нашето студио.

-Јас сум Дуѕинас, а не Коцијас. Тој ми е пријател, но е малку поголем од мене.

Добро дојдовте , г. Дуѕинас во нашето студио…Да започнеме со Преспанскиот договор.

Вие сте еден од интелектуалците, сега и политичари кои учествуваат во промовирањето на Преспанскиот договор. Словото на Преспанскиот договор е спроведено. Но, духот на Договорот допрва треба да се спроведе. Дали мислите дека Преспанскиот договор е сè уште само добра идеја која ќе биде уништена од опозицијата во обете земји?

-Не, нема. Најпрвин да ви се заблагодарам за поканата во вашата емисија, Борјан, и секако, среќен роденден на вашата телевизија…

-Фала.

Мислам дека поминуваме низ многу важен временски период. Треба да кажам дека Преспанскиот договор, ние го викаме Prespa’s agreement но да не се караме околу името…

-Не повторно!

Не повторно…беше и е многу важен договор, очигледно за двете земји, за Грција и Северна Македонија, но мислам и за поширокиот регион, за Балканот тој создава прозорец за можности, тој овозможува моментум, и овој период, се надевам, ќе биде искористен за други крупни проблеми кои ги имаме во регионот, ги знаеме и мислам дека создадовме нешто што е уникатно, за двете земји, за Балканот, за Европа и светот.

-Почнувајќи од тоа, како филозоф, да речеме, би рекол дека основата на овој договор е одличен принцип во нашето општество, принципот за почит на дигнитетот на другата страна. Нешто што е важно во личните односи но секако, во нашите односи тоа беше важно во меѓународните односи, за завршувањето на овој долг и отежнувачки проблем, на начин на кој обата народи сметаат дека нешто добиле, нешто изубиле но тоа ја создава базата од која заедно можеме да одиме кон економски развој, политичка соработка, и секако културна соработка. На сите нивоа.

– Културни настани, универзитетски истражувања итн.

– Дали ќе успее? Наша работа е да направиме да успее. Ова е убаво објаснување на духот на Преспанскиот договор,

-Но сепак, мнозинството граѓани на обете земји сè уште се против Договорот. Како да ги натераме да го разберат она што го велите вие?

– Наша работа е да ги натераме да разберат што се случи и кои се предностите за обата народи од овој договор.

Да започнам вака:

Ние од грчката страна како партија од левицата, оттука како партија секогаш посветена меѓународно на добрососедските односи, на имањето најдобри можни договори со нашите соседи, пред сè верувавме, и мислам истото се однесува на вашата влада, на таа вредност, на принципот кој го објаснив претходно.

Таа взаемна почит. Прифаќањето на дигнитетот на другата личност. Но, второ, ние направивме и анализа на трошоци. На врвот на филозофската анализа, тоа беше анализа, пресметка на предностите и негативностите. И ако ги погледнете негативностите, за обете земји во последните 30 г., тие беа големи. Од поинаков вид, но губевме симболичен капитал, вам ви беше блокиран влезот во меѓународните организации, од целата предност на имањето добри односи во светот.

Ако ги погледнете економските бенефиции, бенефициите при разни соработки во енергетската област, при истражувањето на полето на културата, и на полето на одбраната и безбедноста, што е многу важно. Ако направите таква логична анализа, многу е јасно дека нашите вредности и интереси на нашите два народа, се движиме во вистинската насока. Што можете да правите со оние луѓе кои сè уште веруваат дека ова е лош договор?

-Прво што треба да сторите, а и ние во Грција, да им го објасните на луѓето тој логичен аргумент, кои се предностите од едната и другата страна, што е со негативностите, ќе продолжевме по патот по кој одевме со децении, и тоа ќе станеше ќорсокак. Нема излез од таа ситуација, освен две талентирани и далекувиди раководства подготвени да ја завршат оваа работа. Но второ, и мораме да го прифатиме тоа, нацијата и национализмот беа голема сила во политиката и голема сила при создавањето држави, давајќи им централен идентитет на луѓето, и затоа не може лесно да се отрфли.

– Очигледно, национализмот е нешто што главно цели на емоциите. На афективната страна на човековата личност, секако, за логични аргументи, за историски аргументи, за истражување што се случило во минатото, но тоа е емоционална работа. И мораме да зборуваме со тие луѓе. Не треба и никогаш нема да ги отфрлам луѓето кои се против Договорот само заради тоа. Нема да ги нарекувам припадници на екстремната десница, само зашто беа пред Парламентот и извикуваа пароли против нас. Секако, има мали групи кои се фашисти од екстремната десница.

– Имате ли слична поделба во вашето општество на предавници и луѓе и луѓе кои ги штитат националните интереси?

– Патриоти, да. Секако дека го имаме тоа. Тоа е многу интересно кај национализмот зашто грчкиот и северномакедонскиот национализам се две страни на истата монета.

Целото интервју со господинот Дуѕинас, погледнете го во видеото:

Back To Top