skip to Main Content

Дураки поднесе оставка во Министерството за животна средина за да биде министер за политички систем

Дураки поднесе оставка во Министерството за животна средина за да биде министер за политички систем
  • 25.06.2019

Министерот Садула Дураки поднесе оставка на функцијата министер за животна средина и просторно планирање за да може да ја преземе новата, министер на новотo Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

зминатиот период додека ја извршував функцијата се соочивме со најголемите предизвици за зачувување и унапредување на животната средина. Според сегашната состојба некои од тие предизвици успешно ги надминавме. Јас и мојот тим во изминатиот период макотрпно работевме и го вложивме целото наше знаење и способност во решавање на проблемите, но некои проблеми бараат долгорочен и системски пристап. Не би сакал да звучам нескромно, но многу мали и големи проекти спроведени од страна на Министерството, во време на моето раководење со истото, ќе остават траен позитивен белег во зачувување и унапредување на животната средина. Сепак морам да нагласам дека за жал во некои области од животната средина се уште сме немоќни да направиме подобрување или одржување, пишува Дураки во оставката упатенa до премиерот Заев.

Back To Top