skip to Main Content

Дуковски: Состојбата со Бојан е алармантна, колабираше и масивно повраќаше во тоалетот

Дуковски: Состојбата со Бојан е алармантна, колабираше и масивно повраќаше во тоалетот
  • 08.10.2019

Сашко Дуковски, адвокатот на осомничениот Бојан Јовановски,  за а1он изјави дека состојбата со неговиот клиент е алармантна и дека итно е пренесен во болница.

Дуковски рече дека го затекнал Јовановски како повраќа во тоалетот и бил неконтактибилен, а исказот кај обвинителката Вилма Русковска воопшто не почнал.

„Се случи непријатна сцена, она што се случува 40, 50 дена откако е притворен. Почна да повраќа и колабираше на одредено време“, рече Дуковски.

Адвокатот рече дека иако за Јовановски има мислење од Клиниката за тораклана хирурхија дека треба да биде хоспитализиран, тоа не е доволен аргумент за поблага мерка кон неговиот клиент.

Бојан Јовановски, кој е првоосомничениот во случајот „Рекет“ денеска, по увидот на доказите, требаше да даде исказ во Обвинителството.

Back To Top