skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Судењето за „27 април“ одложено за 31 јануари, Русковска информира дека во обвинението нема суштински измени
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Нови рочишта за „Топлик“ и за убиството на Саздовски
Отровен воздух и привремени мерки: бесплатен превоз во ЈСП, за два дена продолжен зимски распуст и два дена скијање во Маврово за децата
Во Грција почнуваат парламентарните процедури за ратификација на Договорот од Преспа
Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор
Делегација на Собранието на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

ДУИ: Таравари и негов роднина градат куќа на спортски терен

ДУИ: Таравари и негов роднина градат куќа на спортски терен
  • 10.08.2018

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари и негов роднина градат куќа, на место кое според Генералниот и Деталниот урбанистички план (Блок 24), се предвидени спортски терени, обвинуваат од ДУИ.

-Денеска сме тука за да го обелодениме следниот скандал на Арбен Таравари кој од една страна камуфлира акции за рушење на диво изградени објекти, додека во реалност го стимулира урбанистичкиот криминал и градбата на бесправни објекти. Граѓаните на Гостивар секојдневно ја изразуваат нивната загриженост во седиштето на ДУИ во Гостивар, за урбанистичкото злосторство што се случува на територијата на Гостивар под раководство на Арбен Таравари. Жителите на осмата зона во Гостивар ја изразија нивната длабока загриженост за дивоградбата која се гради на простор кој е предвиден за спортски терени, изјави потпретседателот на гостиварскиот огранок на ДУИ Башким Хасани.

Од ДУИ информираат дека на социјалните мрежи можело да се забележи и реклама од фирмата изведувач која била во сопственост на близок роднина на Таравари. Тие го повикаа градоначалникот го прекине годишниот одмор започнат од денот кога е избран за Градоначалник на Општината, да го прекине летниот одмор започнат со започнувањето на летото и да го прекине неговиот ангажман како лекар спротивно на сите етички, морални и законски норми, и да почне да ја извршува должноста за која е избран.

 

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top