skip to Main Content

ДУИ: Никој не е над законот, секој сноси индивидуална одговорност

ДУИ: Никој не е над законот, секој сноси индивидуална одговорност
  • 10.09.2019

Во пресрет на денешната лидерска средба, од ДУИ соопштија дека владеењето на правото, еднаквоста пред законот и доследното спроведување на законот од страна на сите е предуслов за општествена стабилност, интеграција и економски развој.

Судскиот Совет, Советот на Јавни Обвинители заедно со судии и обвинители, како и другите институции и носители на јавни функции, своите одлуки треба да ги носат исклучиво во согласност со закон и поткрепени со факти, велат од ДУИ.

На лидерската средба на која ќе биде јасно дали политичките челници ќе постигнат договор за законот за обвинителство.

Судскиот Совет, Советот на Јавни Обвинители заедно со судии и обвинители, како и другите институции и носители на јавни функции, своите одлуки треба да ги носат исклучиво во согласност со закон и поткрепени со факти. Секој од нас, политичар, судија, обвинител, сноси индувидуална одговорност за своето постапување или непостапување како и за своите одлуки и никој не е над законот, велат од албанската владејачка партија.

Од таму додаваат дека неселективната правда и владеењето на правото ќе се обезбеди само со добро спроведен ветинг.

Инаку лидерската средба е закажана за вечер во 20 часот.

На лидерската се очекува да биде постигнат финален договор за новиот Закон за Јавно обвинителство, односно да се реши судбината на Специјалното обвинителство.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека ќе го отвори и прашањето за предвремени парламентарни избори кои според него, биле неизбежни.

Предвремени избори за премиерот Зоран Заев не се посакувана опција.

Back To Top