skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

ДУИ во Собрание: Упадот во ИВЗ и пресудата за убиството на Саздо се селективна правда

ДУИ во Собрание: Упадот во ИВЗ и пресудата за убиството на Саздо се селективна правда
  • 24.04.2019

Претседателот на Собранието Талат Џафери, по гласањето на дневниот ред на денешната 95. седница на барањето на пратениците од ДУИ за координација по една од точките, даде пауза од половина час.

Пратеникот Артан Груби, побара третата точка од дневниот ред, која се однесува на Предлог-закон за Судскиот совет на Република Македонија во второ читање, да биде прва точка од дневниот ред. Тој барањето го образложи со вчерашните случувања со Исламската верска заедница (ИВЗ) и Судот и, како што рече, потребите за длабоки реформи во судството.

– Одлуката за ИВЗ е апсолутно неприфатлива за ДУИ и муслиманската заедница. Истиот ден се случи уште една скандалозна судска пресуда, со која се докажа селективната правда, било на етничка, верска или на партиска припадност. Се осудија двајца млади со казна затвор од по 19 години, а убиецот на малиот Алмир во Куманово е осуден само на шест години затвор. Доколку ова не е селективна правда, тогаш не знам што е. Доказ за селективна правда се и случаите „Сопот“ и „Монструм“, рече Груби.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Никола Мицовски, кажа дека и тој се придружува на барањето, бидејќи како што рече, ВМРО-ДПМНЕ постојано укажува на сите овие работи и е под директен напад на оваа власт

– На сето она што се случува, без да биде отворен ниту еден предмет против партијата на власт и без да бидат опфатени нивни функционери. Јавното обвинителство има голем број активности кои може да ги отвори во однос на непотизмот, во однос на тендерите, во однос на криминалот што се случува во Републикава. Од таа причина и ВМРО-ДПМНЕ го поддржува овој ваш предлог и единствена причина поради која даваме поддршка е селективната правда и на она што се случува во Јавното обвинителство и во судството да се стави крај еднаш засекогаш, изјави Мицовски.

Пратеникот Ејуп Алими од ДУИ, исто така, побара пауза од еден час за да се координираат по точката, по како што рече вчерашните скандалозни одлуки во нашата земја, чиј зачеток можеби е токму од ова Собрание.

Back To Top