skip to Main Content

Државната секретарка на МВР ја посети Албанија за Законот за ветинг

Државната секретарка на МВР ја посети Албанија за Законот за ветинг
  • 09.11.2018

Делегација од министерството за внатрешни работи на Република Македонија предводена од државната секретарка на МВР Магдалена Несторовска оствари студиска посета на Република Албанија.

Посетата, како што соопшти МВР, ја организира Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а целта беше запознавање со содржините и постапките за донесување и примена на Законот за ветинг на полицијата во Република Албанија.

Во текот на посетата, делегацијата од МВР оствари средба со заменик министерот на министерството за внатрешни работи на  Албанија,  Јулијан Ходај, одговорен за спроведување на Законот за ветинг на полицијата, со претставници на меѓународните организации, во улога на олеснувачи на процесот ICTAP и PAMECA, како и со членовите на парламентарната Комисија за национална безбедност и парламентарниот подкомитет за спроведување на Законот за ветинг на полицијата во Република Албанија.

Back To Top