skip to Main Content

Драгшиќи: Процесите околу „Сега кажувам“ одат напред и наидуваат на разбирање од институциите

Драгшиќи: Процесите околу „Сега кажувам“ одат напред и наидуваат на разбирање од институциите
  • 11.05.2018

Кампањата „Сега кажувам“ или „Tani tregoj“ што почна во Македонија непосредно по светското движење „Me too” и секако беше инспирирана од него, вели социологот Ивана Драгшиќ, но причината многу повеќе биле недостатокот од таква реакција кај нас од една страна и застрашувачката, апсурдна и понекогаш смешна реакција на машката популација кај нас на оваа тема во светот. Според неа, не изостанале апсурдните пораки на застрашување и токму тоа е една од основните причини зошто жените и жртвите не истапуваат во јавност. Како што вели, за сега единствен начин да допрат до нив бил преку социјалните мрежи

-И на овој начин до нас стигнаа многу мејлови, приказни, контакти од девојки коишто сакаат да ја споделат својата приказна, меѓутоа не замолија нас да ја споделиме бидејќи се уште како измислена приказна им беше незгодно или страв да ја споделат. Кај некои од нив, воопшто отворањето или дискутирањето на темата и поддржувањето на некој што има таков став беше проблематично, изјави Драгшиќ.

Според неа, кога поминува низ нешто такво или кога ќе истапи јавно, жртвата е осамена и не добива емпатија, поддршка или разбирање, но полесно е кога ќе споделат заедно. Драгшиќ смета дека е многу јасна линијата меѓу флертот и малтретирањето, затоа што првиот случај е двонасочен, а вториот еднонасочен процес.

-Во целиов овој бран на „Сега кажувам“ имаше многу и мажи, но и жени со синови во чувствителна тинејџерска возраст коишто реагираа „Еј, па што е сега ова, како да го учам син ми, како да се додворувам на жени…“ Кога некој веќе се прашал дали било проблематично неговото или однесувањето на нечиј син, тоа е знак дека ја преминал линијата, вели Драгшиќ.

Драгшиќи вели дека зборуваме за маскулинистичко општество, насилничка култура на подбивање што се оправдува како машка култура. Уште од моментот кога решиле да ја почнат кампањата за „Сега кажувам“, ги претекнале неколку министерства што искажале разбирање за проблемот и поддршка за иницијативата. Апелирале дури и до министерката за одбрана Шекеринска, која ветила дека ќе погледне еден конкретен случај што и бил посочен.

Back To Top