skip to Main Content

Дозволивме да му се може: Груевски ако сака ќе гласа на локалните избори во Унгарија

Дозволивме да му се може: Груевски ако сака ќе гласа на локалните избори во Унгарија
  • 12.10.2019

Независниот веб портал 24.hu јавува дека Никола Груевски се стекнал со право да гласа на локалните избори во Унгарија в недела. Тој се наоѓа на Избирачкиот список во петтиот дистрикт на главниот град на државата во која доби азил благодарение на неговиот пријател, премиерот Виктор Орбан, објави Цивилмедиа.

„Гласач со име Никола Груевски е на Избирачкиот список. Името на гласачот, како и возраста, 49 години, се совпаѓаат со оние на поранешниот македонски премиер кој побегна од затворска казна во Унгарија, каде што му беше одобрен азил“ , се вели во текстот објавен на 24.hu.

Back To Top