skip to Main Content

ДКСК ќе испитува зошто советникот на премиерот има сметка во странство

ДКСК ќе испитува зошто советникот на премиерот има сметка во странство
  • 01.11.2019

По анонимна пријава за незаконско отворање на сметка во странство на советникот на премиерот за европски интеграции Љупчо Зафировски, Антикорупциската отвори предмет и бара од Девизниот инспекторат во Министерството за финансии да провери дали отворањето на сметка во странство е законско.

Антикорупцсиката утврдила дека советникот на Заев има отворено трансакциска сметка во Србија на која легнуваат парите од Договорот за ангажирање на надворешни соработници. Зафировски како советник во Кабинетот на премиерот месечно добива по 1.200 евра. Тој е ангажиран како надворешен советник во процесот на интегрирање и помагање на стратешките приоритети и определби на Владата за пристапување кон Европската унија. Договорот е склучен во декември лани и завршува во декември оваа година.

Освен сметката во Србија, Антикорупциската комисија утврдила дека тој има три сметки и во домашните банки, поради што тие се прашуваат зошто на генералниот секретар на Владата не му станало сомнително кога Зафировски побарал исплатата на хонорарот да му се врши во друга држава.

Антикорупциска утврдила дека Народната банка не дала одобрение за отворање трансакциска сметка во странство, ниту пак имаат информација дека Зафировски имал сметка во странство.

Законот дозволува сметки во странство да имаат физички лица кои имаат тримесечен постојан престој во друга држава, што Зафировски не го пријавил или во случај на двојно државјанство.

Придонесите кон државата биле редовно исплатувани.

Back To Top