skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

ДКСК со прекрошна за пратеничката Ковачев, Иванов се уште не платил за прекршочната

ДКСК со прекрошна за пратеничката Ковачев, Иванов се уште не платил за прекршочната
  • 10.05.2019

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе покрене прекршочна постапка против пратеничката Тања Ковачев која не го запазила периодот од 30 дена за да достави известување за вработувањето на нејзиниот сопруг Дејан, во АД Аеродроми, беше заклучено на денешната седница на комисијата.

ДКСК ги разгледуваше и случаите за вработување на сестрата и на зетот на пратеничката Ковачев. Нејзината сестра Катерина Јакимовска била вработена во УЈП, преку Агенција за времени вработувања, а зетот Бобан Јакимовски во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. На истиот начин во УЈП преку Агенција за времени вработувања е вработена и Катерина Котевска, сопруга на директорот на затворот – Шутка Ѓоко Котевски, како даночен контролор. Комисијата ќе побара од Владата и од директорката на УЈП да се преиспита постапката за вработување, со оглед на тоа што на истиот начин преку Агенција за времени вработувања се вработени дури 36 лица.

ДКСК бараат да се прекине со вработувањата во јавниот сектор преку Агенциите за времени вработувања, бидејќи како што констатираа се остава сомнеж аа влијанија, за политички вработувања, а созадаваат и не фер конкуренција.

Комисијата ќе продолжи да го испитува случајот со вработувањето на  Жанко Симевски, в.д. директор на Здравствената установа во Македонски Брод. Тој трипати последователно, без распишан јавен оглас е поставен на тоа работно место, од страна на министерот за здравство, како негово дискреционо право.

Заменик претседателот на ДКСК Нури Бајрами оцени дека во овој случај се работи и за злоупотреба на службена должност од страна на министерот за здравство, додека пак Софија Дојчиновска, член на комисијата смета дека се работи за сериозно кршење на Законот и е сериозна појава  и во други области.

На седницата беа затворени како застарени случаите за вработувања во општина Лозово, а поврзани со екс градоначалникот на Општината, како и вработувања во ОУ „Гоце Делчев“ во општина Василево, за кои ќе бараат надлежниот инспекторат да ја преиспита целата постапка.

Антикорупциска ќе бара и од јавното обвинителство во Гостивар информација до каде е предметот со поранешниот градоначалник на Општина Кичево, Владо Коруновски, кој е во роднински врски со пратеникот Антонио Милошоски.

Инаку, информираа од Антикорупција, од 2003 година досега имаат покренато над 160 иницијативи за кривично гонење. За подетални информации најавија следната седница, за тоа колку од нив се затворени, се во постапка или не се започнати.

ДКСК заклучи дека нема надлежност да постапува и по вработувањето на шурнајката на министерот за економија Крешник Бектеши, во АД. ЕЛЕМ подруѓница – Струга.

Претседателката на ДКСК Биљана Ивановска извести дека за предметот грчки фирми на министерот за информатичко општество и администрација Манчевски, конкретно за фирмата „Мегатрон“, до комисијата пристигнал демант со приложени докуменит од стрна на министерот.

– Очекуваме во иднина подносителите да доставуваат пријави со точни и вистинити податоци, во функција на ефикасно работење на комисијата од аспект на трошење ресурси и време, но и да не се нанесува штета на угледот како на поднисителот на пријавата, така и за оној за кој се поднесува пријавата, изјави Ивановска.

Од ДКСК се пофалија дека врз основа на покренатите 29 прекршочни постапки платени платени налози се во висина околу 220 илјади денари средства кои одат директно во државниот буџет. Досега до ДКСК нема пристигнато никакво известување за платен налог од страна на претседателот на државата Ѓорге Иванов. Прекршочната глоба зависно за кој прекршок за работи, главно се движи од 300 до 500, а половината е 150 евра. Позитивен момент од ова постапување, заклучија, е тоа што тие веднаш како ќе го добијат налогот го доставуваат и анкетниот лист.

Back To Top