skip to Main Content

ДКСК иницира постапка за екс претседателот на Кривичен, Панчевски, за вработување на неговиот внук

ДКСК иницира постапка за екс претседателот на Кривичен, Панчевски, за вработување на неговиот внук
  • 22.05.2019

Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси (ДКСК) ќе поведе иницијатива за покренување постапка пред Јавното обвинителство за постоење основано сомневање за злоупотреба на службена должност и овластување за службени и одговорни лица и за Владимир Панчевски, поранешен претседател на Кривичниот суд Скопје, кои учествувале во постапка за вработување.

Имено, како што појаснија од ДКСК, Јордан Тасевски, внук на Панчевски, е примен на работното место помалад судски соработник, иако воопшти не бил пријавен односно меѓу пријавените 155 кандидати.

– Панчевски ги надминува неговите надлежности. Тоа е незаконско постапување. Не е во прашање повеќе непотизам, туку злоупотреба на службена должност, изјави Катица Николовска, член на ДКСК, која го образложи предметот.

Back To Top