skip to Main Content

Дичев: За пактот со Хитлер нема што да се навредувам, треба да се срамиме

Дичев: За пактот со Хитлер нема што да се навредувам, треба да се срамиме
  • 12.10.2019

Ивајло Дичев професор по културна антропологија на Универзитетот во Софија и предавач на Универзитети во САД и Франција, е еден од луѓето од интелектуалниот свет во Бугарија, кој има европски мислења и ставови во поглед на македонското прашање и односите меѓу Македонија и Бугарија. Заедно со уште една група интелектуалци ги критикува последните позиции на Совија, посочувајќи во интервју за Прес24, дека највозменирувачко во таа „Рамковна позиција“ на Владата и Парламентот е асиметријата.

-Добро е да се бара од Северна Македонија да ги извади на виделина и да ги осуди злосторствата на југословенскиот комунистички режим, особено кон луѓето, кои се сметале себе за Бугари. Но во истиот текст се одрекуваат злосторствата на бугарските окупатори за време на војната, сојузници на фашистичка Германија, испратиле неколку илјади Евреи во Треблинка.  Воспоставувањето на добри односи подразбира симетрија, напори да направат и едните и другите. Во тоа впрочем слични се и комунистите и национал-социјалистите – Само јас сум во право, само мојата теорија и кој не слуша – во казанот. (който не слуша – в кауша), вели универзитетскиот професор, Ивајло Дичев за Прес24.

Тој вели дека бугарската политика ја водат популисти и националисти , но е уверен дека бугарските граѓани искрено зближување на двете држави.

-Сакаат максимално да се зближиме со Македонците, но таа агресивна ароганција само не одвраќа. Зближувањето бара време, трпение, разбирање – тоа не е прашање за историчарите или етнографите, не станува збор за факти, туку за комуникација, вели Дичев.

За него е несфатливо негирањето на македонскиот јазик, но вели дека во Бугарија не постои политичар кој ќе рече дека таков јазик има.

Целото интервју прочитајте го ТУКА

Back To Top