skip to Main Content

Дискреционите овластувања „џокер“ за непотизам

Дискреционите овластувања „џокер“ за непотизам
  • 24.10.2019

Антикорупциската комисија отворила 40 предмети за непотизам, изјави антикоруционерката Софка Пејовска – Дојчиновска, на денешната презентација на проектот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“.

Но, таа нема информации за колку предмети постапува обвинителството.

-Еден од најсериозните проблеми се дискреционите овластувања на носителите на јавни функции пред се за вработувањата. Сите извештаи говорат дека имаме добра законска рамка, но недостасува имплементацијата. Или еднаш ќе се одважиме да бидеме сериозни во имплементацијата или немаме алтернатива – изјави Пејовска – Дојчиновска.

Според неа, затајуваат контролните механизми и инспекциските служби, а има проблеми и во назначувањето во инспекторатите.

извор:фокус.мк

Back To Top