skip to Main Content

Директорот на АЕК не објавил јавно колку потрошил за репрезентација

Директорот на АЕК не објавил јавно колку потрошил за репрезентација
  • 29.11.2018

На првиот периодичен мониториг извештај за работата на АЕК и АВМУ (јуни – септември 2018) кој го изработија неколку граѓански организации, беа објавени податоците за транспарентноста и отчетноста на двете регулаторни тела: Агенцијата за електронски комуникации и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На презентацијата беше посочено дека Страtегијата за радиодифузија иако била најавена како приоритетна активност, се’ уште не е изготвена. Собраниската комисија за транспорт не го усвоила заклучокот со кој се предлага да се усвои годишниот извештај за работата на АВМУ за 2017 година. На интернет-страницата на АВМУ се објавени трошоците на директорот, кој потрошил помалку во споредба со претходниот извештај. Мониторингот препорача да продолжи практиката за објавување на известувањата за склучени договори за јавни набавки.

АЕК не ги објавил биографиите на директорот и членовите, а бројот на вработени лица не е ист со бројот на вработени објавен на интернет-страницата на ова регулаторно тело. Се уште не е воведен бројот 112 за итни случаи и покрај препораките на Европската Комисија. Шеста година по ред Европската комисија ја нотира загриженоста за проблематичното трошење средства од буџетот на АЕК за политички цели.

Прераспоределени се пари за изградба на антенскиот столб на АЕК. 70 проценти од граѓаните немаат информации за постапката за поднесување барање за решавање спорови. Директорот на АЕК не ги објавил јавно трошоците за репрезентација на веб-страницата, што беше заложба на Владата за транспарентно работење.

Проектот за мониторинг на двата регулатори го спроведоа Евротинк, Транспарентност Македонија, НВО Инфо Центар и Хелсиншкиот комитет со поддршка на Амбасадата на Велика Британија во Македонија.

Back To Top