skip to Main Content

Димитров-Рикер: Сите во САД го препознаваат успехот на Северна Македонија

Димитров-Рикер: Сите во САД го препознаваат успехот на Северна Македонија
  • 04.03.2019

Сите во САД се свесни и го препознаваат успехот што го постигнавте со Договорот од Преспа, порача Филип Рикер, цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на Американската армија, на денешната средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Рикер истакна дека САД ќе продолжат и натаму активно да го поддржуваат регионот на патот кон интеграциите во ЕУ и НАТО.

Министерот Димитров упати честитки до амбасадорот Рикер за неговото именување на функцијата помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, посакувајќи му успех во извршувањето на функцијата.

– Вашето именување на оваа исклучително одговорна функција е добра вест за регионот, Европа и за трансатлантската заедница, рече МНР Димитров.

На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби во Република Северна Македонија и во регионот.

Back To Top