skip to Main Content

Димитров: Не треба да се плашиме од тоа дека сме помлади од други балкански нации

Димитров: Не треба да се плашиме од тоа дека сме помлади од други балкански нации
  • 26.06.2019

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров изјави дека за Гоце Делчев читал многу записи деновиве, во пресрет на посетата на Бугарија и тврди дека делото на Гоце Делчев може да биде мостот кој ќе ги поврзе Македонија и Бугарија.

Димитров додава дека не треба да се плашиме од тоа дека сме помлади од други балкански нации, но и дека достоинството е црвената линија.

Сепак, што ќе пишува во учебниците за ликот и делото на Гоце Делчев, вели во вечерашното гостување на Канал 5, дека за тоа ќе одлучат комисиите кои разговараат.

Претходно, бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека се надева на договор во заедничката комисија за историја за, како што рече, да можат максимално да продолжат со поддршка на Северна Македонија за членство во НАТО и ЕУ.

-Се обраќам кон бугарските новинари. Нашиот херој Гоце Делчев стана повод за коментари во сите насоки. А тоа е жално, зашто тој е бугарски херој што се жртвувал и заложил сè за слободата на Македонија. На ист начин, еден Че Гевара, кој по народност е Аргентинец, отишол да се бори за слободата на Куба, а потоа загинал во трета држава. И наместо тие херои со својата саможртва, сите да нè прават горди, да не обединуваат и да нè прават посилни, стануваат ,јаболко на раздорот, изјави Борисов на меѓународниот економски форум во Пловдив, а  пренесе „360 Степени“.

Back To Top