skip to Main Content

(Видео) Димитров: Граѓаните се бомбардирани со дезинформации за договорот со Грција

(Видео) Димитров: Граѓаните се бомбардирани со дезинформации за договорот со Грција
  • 24.09.2018

Во пред референдумската кампања граѓаните се бомбардирани со дезинформации за договорот со Грција смета шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. Тој вели дека кај дел од жителите на Македонија се уште постојат недоумици за тоа што содржи во договорот и дали го гарантира самоопределувањето и слободната волја да се изразуваме како Македонци. Тој вели, името на државата ќе биде Република Северна Македонија, а не како што дел од граѓаните сметаат Република Северно од Македонија. Државјанството е македонско, граѓани на Република Северна Македонија, јазикот македонски, кодовите се мк и мкд, единствено се менуваат регистарските таблички за возилата.

– За да седиме на таа маса сите што веќе седат треба да сакаат да бидеме таму. И патот е преку надминување на проблеми зголемување на доверба, правање пријатели бидејќи утре треба да станеме сојузници. Овде гаранцијата е многу цврста бидејќи договорот не може да влезе во сила ако Грција на иста сесија во парламентот не ги ратификува и пристапните протоколи за нашето членство во НАТО. Ако не се случи тоа договорот не влегува во сила. Тоа е!, изјави Димитров.

Димитров ги демантираше и информациите кои се појавија во јавноста дека Атина веќе ги напишала уставните амандмани и Собранието треба само да ги ратификува. Тој вели дека станува збор за 4 уставни амандмани кои ќе ги формулира Собранието а се однесуваат на географската одредница, почитување на границите, грижа за дијаспората и одлуките од АСНОМ. Тој ја коментираше и изјавата на Иванов дека ќе го бојкотира референдумот, велејќи дека е целосно неодговорно вакво нешто претседателот да не го изјави дома во Македонија туку од другата страна на океанот.

– 27 години немаме договор, првпат имаме на маса, заштитуваме тоа што е најважно, кои сме. Тие од 2005-та велат референдум, дојдовме до тој ден, еве го за шест дена е и гледајте ни ја ситуацијата. Време е на ова прашање да се обединиме. Сите лидери велат, ова можеби е последна шанса за вашата генерација, некои велат ова е сигурно последна шанса за вашата генерација. Време е да го направиме тој исчекор, да не се бавиме со прашалници и предизвици за нашиот идентитет кои сме бидејќи идентитетот е и какви сме. И додека ние уплашени во ровот чекаме некој друг да ни го нацрта патот и да ни ја реши работата, нашиот млад талент си оди надвор со пасоши на други држави, вели министерот за надворешни работи.

Шефот на дипломатијата удри и по опозицијата која со години наназад евли дека доколку се постигне договор со Грција граѓаните ќе го имаат последниот збор. Иако тоа е случај сега, сепак тие велат дека договорот е штетен за државата и не ја заштитува посебноста на македонскиот народ. Тој побара од другите да кажат алтернатива како државата да стане членка на НАТО и ЕУ под уставното име, бидејќи досега сите посочуваат дека зенјата ќе стане дел од овие организации и сојузи само доколку го реши проблемот со Грција.

Антонио Крстевски

Back To Top