skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Димитров на состанок на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан

Димитров на состанок на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан
  • 27.05.2019

Шефот на дипломатијата Никола Димитров утре на покана на словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак во Братислава ќе учествува на Министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан.

Вишеградската група – В4, која ја сочинуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија е традиционален поддржувач на европската перспектива на Балканот. Потврда за тоа, се наведува во соопштението на МНР, претставува и одржувањето на редовните годишни состаноци во овој формат, помеѓу министрите за надворешни работи на В4 и Западен Балкан.

Овогодинешниот состанок во Братислава се одржува во рамките на словачкото претседателство со Вишеградската група.

Темите кои ќе бидат предмет на дискусија на состанокот се унапредувањето на реформскиот и евроинтеграциски процес на земјите од Западен Балкан – научените лекции, а ќе се разговара и за заедничката европска иднина во новиот геополитички контекст.

Back To Top