skip to Main Content

Димитров во Централниот дневник на 1ТВ:  На добар пат сме да имаме 80 пратеници, па и повеќе

Димитров во Централниот дневник на 1ТВ:  На добар пат сме да имаме 80 пратеници, па и повеќе
  • 09.01.2019

Во централниот дневник на 1ТВ , уредникот Борјан Јовановски зборуваше со  министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров за претстојното гласање за уставните измени.

Димитров посочи дека се работи во насока на подобрување на ситуацијата во земјата за сите нејзини граѓани.

-Цел ден сме во консултации, ова е здраво за нас на некој начин, за важни прашања разговараме, наоѓаме решенија тргнувајќи од државниот интерес, да ги покриеме главните грижи, да ги покриеме грижите на нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми, Власи и сето тоа да биде во духот и рамките на Договорот од Преспа со што се става точка на едно подглавје каде бевме влечени назад и конечно да тргнеме напред како држава, вели Димитров.

Шефот на дипломатијата истакна дека работите одат во добар правец и дека е очигледна добрата волја од сите страни.

-Во моментов најинтензивни разговори се водат со БЕСА и двајцата пратеници на таа партија во Собрнието и со лидерот повремено. Како да се најде начин да се зачува формулата на државјансвото од договорот, а на друга страна да се адресира стравот дека дека кај некои гласачи на политичка партија кај албаниците дека тоа не навлегува во нивната етничка припадност и мислам дека ќе најдеме, посочува Димитров.

За Грција истакна дека нејзиниот фокус е словото, текстот и духот на договорот.

-Договорот е потпишан и прифатен од страна на двете влади, кај нас сме при крај, кај нив претстои процесот на ратификација на текстот на договорот.

Во однос на гласањето кое претстои во петок, вели дека политичка уметност е како сите интереси да се заштитат за успшено да се зачува двотретинското мнозинство и сите да бидеме задоволни и достоинствени.

-Двотреттинското мнозинство секагде во светот е кревка категорија вакво прашање е сложено, поместувањето на еден елемент поместува и други. Решенијата се искристализирани, но финалното затворање на целиот пакет претстои . На добар пат сме да имаме 80 пратеници, па и повеќе, се надевам, рече Димитров.

Целиот разговор можете да го погледнете во централниот дневник на 1ТВ.

Back To Top