skip to Main Content

ДИК: До 17 часот гласале 37,5 отсто од иселениците

ДИК: До 17 часот гласале 37,5 отсто од иселениците
  • 04.05.2019

До 17 часот, 37,5 отсто од иселениците во дипломатско конзуларните претставништва излегле да го остварат своето право на глас, соопшти Државната изборна комисија.

До 15 часот, пак, гласале 30,86 отсто од иселениците во дипломатско конзуларните претставништва. Сараево, Брисел и Прага беа градовите со најголем процент на излезност на денешното гласање на дијаспората во вториот круг од претседателските избори.

Според ДИК, во споредба со првиот круг, има поголема излезност во дијаспората. Во сите 32 дипломатско конзуларни претставништва право на глас имаат 1.781 избирач запишан во избирачкиот список.

Back To Top