skip to Main Content

Детална анализа на времето за следните месеци: На Балканот му се закануваат нови разорни невремиња

Детална анализа на времето за следните месеци: На Балканот му се закануваат нови разорни невремиња
  • 10.06.2019

Изминатиот подолг период регионот беше погоден од силни и разорни невремиња како и поплави а засега ваквата ситуација ја зема првата жртва и тоа во соседна Србија додека едно дете во Босна исчезна во надојдените води, во Романија пустош прават зачестените и силни торнада. За понатаму најновите направени метео анализи укажуваат на тоа дека се можни нови силни невремиња ширум регионот кој може да условат нови поплави па дури и појава на нови торнада но и силни врнежи од град. Најголеми услови за вакви појави имаат цел северен балкан како и Бугарија и Романија.

Кај нас пак во Македонија исто така очекуваме повеќе врнежи во овој летен период како и локална појава на невреме проследено со значително количество на воден талог, силни ветришта, електрични празнења и појава на град, сепак и покрај ова летните температури ќе ги имаме што значи летото нема да изостане.

Подготви: Славчо Попоски

Back To Top