skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
1ТВ: ММА манипулира дека Основен суд – Скопје 2 и досудил оштета на 1ТВ
Могерини: Северна Македонија и Албанија во јуни треба да ги почнат преговорите со ЕУ
Репортери без граници: Северна Македонија останува на 95-то место според индексот за слобода на медиумите
Неформален состанок на генералните секретари за европски прашања на Грција и Северна Македонија
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Дескоска: Уставниот суд мора да си ја преземе улогата на заштитник на Уставот и на уставноста

Дескоска: Уставниот суд мора да си ја преземе улогата на заштитник на Уставот и на уставноста
  • 12.02.2019

Во системот на заштита на човековите права и генерално грижата за уставноста и законитоста Уставниот суд несомнено има една од најзначајните улоги и мора да си ја преземе улогата на заштитник на Уставот и на уставноста, а не да биде фактор што ќе предизвикува уставни земјотреси.

Тоа ги порача министерката за правда Рената Дескоска на денешната работна сесија за „Реформите во Уставниот суд поврзани со Поглавјето 23“ на третата работна група од Националната конвенција за Европската унија во Република Македонија.

– За жал во Република Македонија дел од проблемите произлегуваат од недостатоците во уставната рамка за работењето на Уставниот суд, но мислам дека тоа не е клучниот недостаток. Исто така, особено значајно е покажувањето на личен интегритет од страна на оние кои седат во Уставниот суд, изјави Десковска.

Изрази очекување дека во процесот на реформи и желбата за воспоставување на систем на владеење на правото Уставниот суд ќе се однесува согласно стратешката определба на Република Македонија.

– Еден од клучните проблеми нотирани во дејствувањето на Уставниот суд е тоа дека често пати тој ја имаше маската на политички орган, наместо на неутрален орган што ќе го интересира единстевно заштитата на Уставот и на човековите права во сферата во којашто им е дадена како право. Оваа власт не врши никаков притисок врз Уставниот суд и очекувам тие да можат да работат слободно, секако тоа зависи од нивните лични професионални капацитети и интегритет, изјави Десковска.

За улогата на Уставниот суд на Република Македонија во судските реформи спроведени како дел од процесот на интеграцијата во Европската унија, во рамки на денешната четвртата сесија на третата работна група на НКЕУ-МК учествуваа повеќе експерти од земјата, меѓу кои директорката на Академијата на судии и обвинители Наташа Габер-Дамјановска и професорката по уставно право Гордана Силјановска и кандидатот за уставен судија на Република Словачка, Радослав Прохаска, кој го сподели своето искуство од овој процес и укажа на виталните преговарачки прашања од Поглавјето 23.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top