skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева ќе сведочи пред Русковска во 10 часот во вторник
Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите
Обвинителот Рустеми сведочи во ОЈО
Стефанова за комуникацијата меѓу Јанева и Камчев: Не сум експерт за криминал
Скопје и Софија ја интензивираат соработката во одбраната
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Дескоска: Секој има право да пријави корупција и да биде заштитен

Дескоска: Секој има право да пријави корупција и да биде заштитен
  • 18.01.2019

Министерката за правда Рената Десковска денеска демантираше дека граѓаните нема да можат да пријават случаи на малверзации во Антикорупциска комисија.

– Апсолутно не е спречено, напротив, во законот една од клучните одредби е дека секој има право да пријави корупција и не само да пријави, туку и да биде заштитен од пријавата за тоа што пријавил, значи да нема никакви последици заради пријавата. Јас ги охрабрувам сите граѓани веднаш по формирањето на Антикорупциската комисија секое сознание што го имаат за нерегуларност, за случај за сомневање на корупција да го пријават до Антикорпциската комисија, рече Дескоска.

Таа додаде дека ако и во меѓувреме има такви случаи и сомневања, на граѓаните им стојат на рсполагање МВР и Јавното обвинителство.

Собранието со 81 гласа „за“ вчера попладне го донесе по скратена постапка Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, во рамки на 80. седница.

Back To Top