skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Деркоски: Редоследот на претседателските кандидати најверојатно ќе биде утврден утре

Деркоски: Редоследот на претседателските кандидати најверојатно ќе биде утврден утре
  • 21.03.2019

ДИК ја почна седницата на која треба да утврди  дали кандидатурите за претстојните претседателски избори се регуларни и согласно законот откако веќе се поднесени оние на кандидатите на СДСМ и коалицијата, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и на албанската опозиција, Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река.

Комисијата по проверката ќе донесе решение за потврдување на кандидатурите со што Пендаровски, Силјановска и Река и официјално ќе станат кандидати за претстојните претседателски избори. Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски денеска непосредно пред почетокот на седницата изјави дека тој не очекува дека ќе има каков било проблем во кандидатурите.

Најави дека ДИК ќе излезе со соопштение оти најверојатно се потврдени кандидатурите за тројцата учесници во претседателската трка.

Од утре течат останатите рокови, меѓу кои и рокот за одредување на редоследот на кандидатите. Дерковски истакна дека неверојатно уште утре со жрепка ќе се утврди тој редослед, а од 1 април и официјално почнува кампањата за претседателските избори.

-Ние како ДИК од денот на распишување на изборите, 8 февруари па се досега направивме се со цел организациски изборите да протечат во најдобар можен ред и ќе продолжиме со организација до денот на изборите, рече Деркоски.

Уште еднаш апелираше до сите учесници во кампањата изборите да поминат во фер и коректна атмосфера, да претставуваат вистински политички натпревар на идеи, со цел да се добијат кристално чисти избори кои ќе значат еден плус повеќе за развој на демократскиот капацитет на државата.

Сите три кандидатури се поднесени со поддршка од група избирачи. За официјализирање на претседателската кандидатура потребно е кандидатите да достават минимум 10.000 граѓански или 30 пратенички потписи.

Сите тројца кандидати, како што рече Деркоски го имале потребниот минимум на потписи што требало да бидат собрани и додаде оти смета дека нема да има никаков проблем за утврдување на кандидатурта.

Со оглед на тоа дека откако ќе се утврдат нивните кандидатури тие и официјално стануваат учесници во трката за претседателските избори,  Дерковски нагласи оти тие до 1 април ќе треба да се воздржат од јавни настапи, изјави, бидејќи сето тоа ќе значи кампања.

Back To Top