skip to Main Content

Дерковски: Виша сила вмеша прсти околу објавувањето на извештаите на потрошени пари во претседателската кампања

Дерковски: Виша сила вмеша прсти околу објавувањето на извештаите на потрошени пари во претседателската кампања
  • 12.04.2019

Виша сила вмеша прсти околу објавувањето на извештаите на потрошени пари во претседателскта кампања на веб страницата на Државната изборна комисија на кандидатите, Силјановска – Давкова, Пендаровски и Река,  вели претседателот на Комисијата предложен  од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Оливер Дерковски за тоа што и по истечениот рок – синоќа на полноќ извештаите се уште не и се достапни на јавноста преку ДИК.

Имавме одредени технички проблеми се работи за виша сила и ги надминавме тие проблеми. Сега сајтот на ДИК работи,  рече Дерковски.

Од друга страна пак Антикорупциската комисија веќе ги објави на својот сајт на  конзенсуланиот кандидат Стево Пендаровски и на кандидатот подржан од Алијансата за албанците и БЕСА Блерим Река. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ивештајот го пратиле по пошта и има рок да патува три дена.

Пендаровски зад кого застанаа СДСМ и ДУИ за претседателската кампања од 26 март до 10 април потрошиле половина милион евра, најмногу за платено политичко рекламирање во медиумите, за закуп на простор, за комуникациски, транспортни и интелектуални услуги. Најмногу пари собрале преку донации – околу 170 илјади евра. Во извештајот на Блерим Река зад кого застанаа Алијансата и БЕСА, стои дека во првата половина од изборната кампања потрошиле 25.000 евра од кои најмногу за изборната програма, спотови и банери. На страницата на ДКСК не е објавен финансискиот извештај на претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјалновска Давкова. Од таму велат дека синоќа до 24 часот завришил рокот за достава, и дека Силјановска не доставила финансиски извештај. Очекуваат да стигне по пошта во наредните три дена. ДКСК ги објави и извештаите на СДСМ, ДУИ и БЕСА за потрошени пари на кандидатите за градоначачлници на Охрид, Ново село и Дебар. За првпат на овие избори Државната изборна комисија го плаќа медиумското рекламирање на кандидатите.

Весна Велкова Тодоровска

Back To Top