skip to Main Content

Депортиран научник од Колумбија, МВР тврди дека немала виза

Депортиран научник од Колумбија, МВР тврди дека немала виза
  • 29.04.2018

Научник со колумбиски пасош кој викендов требало да учествува на конференција за блатни екосистеми во Охрид, итно бил депортиран за Цирих.

Невладината организација Охрид СОС обвинува дека станува збор за скандал пред на одржувањето на научната конференција на Society of Wetland Scientists за блатни екосистеми во Охрид, на која се најавени бројни ученици од странство.

Според нив, инцидентот се случил на меѓународниот аеродром Скопје вчера околу 20 часот кога бил експресно депортиран научник со колумбиски пасош кој само што пристигнал со авион од Цирих, а живее и работи во Швајцарија.

Причината за итната депортација е што таа немала виза за Република Македонија, се вели во демантот на МВР.

„Виза за влез во Република Македонија не им е потребна на: државјаните на земјите членки на ЕУ и потписнички на Шенгенскиот договор; на државјани на трети земји со постојан престој во земја членка на ЕУ или потписничка на Шенгенскиот договор;  или на државјани на трети земји со важечка повеќекратна Шенген Ц виза со рок на важност подолг од најмалку пет дена од планираниот престој во Република Македонија; како и на државјани на трети земји со важечка британска, канадска или американска виза со рок на важност подолг од пет дена од планираниот престој во Република Македонија“, наведува МВР во соопштението.

Според нив, научникот имала колумбиски пасош со привремен престој во Швајцарија, што не ја ослободува од обврската за поседување виза за влез во Република Македонија.

„Од Охрид СОС  реагираа на нивниот Фејсбук: „Кои биле службениците што вчера каубојски си дозволиле да депортираат научник како да е најголем криминалец назад во Швајцарија? Какви санкции ќе сносат и кој ќе ја надомести штетата што ја направиле лица некадарни да бидат вработени на тие позиции на кои се?“.

„На оваа страница јасно пишува дека тие што имаат шенген виза со повеќе влезови не треба да имаат и македонска виза за да влезат во Република Македонија“, пишуваат од Охрид СОС“.

Back To Top