skip to Main Content

Ден Д за С. Македонија, но и за Обединета Европа

Ден Д за С. Македонија, но и за Обединета Европа
  • 18.10.2019

Портпаролот на претседателот на Европскиот совет, преку Твитер извести дека некаде после 1:30 заврши првиот ден од самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.

Изготвени се заклучоци за воената интервенција на Турција во Сирија, но нема ни збор за проширувањето на ЕУ, односно за одлука за почеток на пристапни преговори со С. Македонија и со Албанија.

Самитот продолжува денеска во 10 часот, но на дневен ред се други теми и останува неизвесно дали и каква одлука ќе има за преговорите.

Известувачот на „Политико“ повикувајќи се на дипломат извести дека дискусијата сепак ќе продолжи денеска.

Back To Top