skip to Main Content

Денеска прослава во 15 градови по повод поканата од НАТО

Денеска прослава во 15 градови по повод поканата од НАТО
  • 14.07.2018

Голема граѓанска прослава по повод поканата за пристапни преговори за членство на Македонија во НАТО за денеска е најавена во 15 градови во земјава во организација на Владата на Република Македонија.

– Македонија доби покана да стане членка на НАТО и има датум за преговори со Европската Унија… Се изборивме за сигурна иднина… Доаѓа време на надеж, на победи, на гордост… Време на сигурност и безбедност“, се вели во објавената програма на веб-страната на Владата на Република Македонија.

За прославата ангажирани се околу 40 македонски музички ѕвезди, а средсдствата за целиот настан ќе бидат обезбедени од владиниот буџет.

По повод поканата за пристапни преговори за членство во НАТО денеска ќе се слави во Скопје, Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Охрид, Куманово, Кочани, Кичево, Прилеп, Струга, Струмица, Тетово и Штип. Изборот на градовите е направен согласно рамномерната географска застапеност, велат од Владата.

Во дел од градовите предвидено е прославата ќе почне од 18 часот и 20 часот, а во останатите од 21 часот.

Back To Top