skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО
Кандидатите за технички експерти на интервју во собраниската комисија за надзор на следењето комуникации
Димитров во Грац на дебата за Преспанскиот договор и евроинтергацијата
Павлопулос: Грција ја поддржува европерспективата на Северна Македонија, но потребно е да се исполнат предусловите
Неофит: Ќе направиме се за целосна радост на нашите македонски браќа
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Делегација на НАТО ја скенира економската и политичката состојба во земјава

Делегација на НАТО ја скенира економската и политичката состојба во земјава
  • 14.03.2019

Делегација составена од 15 претставници на држави членки на НАТО се во Македонија за да  ја скенираат економската и политичката состојбата пред мајскиот извештај за напредокот на нашта земја.

Тоа што го научив  до сега за 1 ден е дека РСМ има завршено голема работа.Спроведени се големи реформи кои се предуслов за членство во НАТО. И се надеваме на членство во ЕУ. Подобрување на односите со  соседите и решавањето на спорот со името е голем чекор напред и предуслов за членств во НАТО и ЕУ рече, Асрин Армонате, член на Делегацијата на Парламентарното собрание на НАТО.

Европските гости ги прашаа домаќините како се справуваат со корупцијата бидејќи очекуваат некои земји членки на НАТО да бидат против влегувањето на Македонија во Алијансата токму поради високиот ризик од корупција.

Дали имате  програми за борба против корупцијата затоа што тоа го закочува економсиот раст и исто така младите  луѓе би останале тука и би работеле во оваа земја, не би ја напуштиле кога ќе станете членка на ЕУ како што праксата покажала, рече Иванс Клементјевс, член на Делегацијата на Парламентарното собрние на НАТО.

Целосното искоренување на корупцијата е тешко. Со неа не можат да се справат дури и земји кои се многу поразвиени од Македонија, сметаат македонските политички претставници во Собранието.

Донесовме многу закони во Собранието за проверка и контрола на владините и други функционери. Денес можат да се проверат нашите сметки и трансферот на парите, рече потпретседателот на Собранието, Весел Мемеди.

Во април НАТО прославува 70 години од своето постоење.

Весна Велкова Тодоровска

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top