skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Анагностопулу: Новите гранични премини се нови мостови на пријателство и соработка на Балканот
Соборот на СПЦ е за дијалог со МПЦ
Заев со честитка до Тамара: Одамна не сме биле олку горди
АЕК достави предлог и динамика за намалување на цените во роаминг со Грција
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Дебата: Учеството на граѓанскиот сектор е суштински во процесот на пристапување во ЕУ и НАТО

Дебата: Учеството на граѓанскиот сектор е суштински во процесот на пристапување во ЕУ и НАТО
  • 20.09.2018

Да се зајакне улогата на граѓанското општество, на невладините организации и нивно суштинско вклучување во сите сфери и процеси на патот кон ЕУ и на НАТО, е заклучокот од денешната панел дискусија на тема  „Улогата на цивилното општество при процесто на интеграција во НАТО и во ЕУ“ на која учествуваа и министерите за одбрана на Република Македонија и на Сојузна Република Германија, Радмила Шекеринска и Урсула фон дер Лаин.

Министерката Шекеринска најави дека в недела ќе се објави повик со кој ќе се повикаат сите експерти во Македонија кои имаат што да придонесат во преговорите и ќе се формира Регистар. Во секое поглавие во тимовите што ќе ги водат преговорите, ќе има еден претставник од граѓанските организации, до кој ќе се доаѓа преку Советот за соработка со граѓанските организации

– Ќе ни биде потребно будно и гласно граѓанско општество, кое ќе ги држи институциите под постојан притисок, но истовремено да се спротивставува на кампањите на лажни вести и дезинформации кои се новиот безбедносен ризик, рече Шекеринска.

Македонија денес без граѓанското општество, потенцира, немаше да има покана за членство НАТО, немаше да има европски кандидатски статус во поглед почеток на преговори.

– Реформа на јавниот сектор, градење на угледот на професионалноста во јавниот сектор е еден од начините за борба против дезинформациите односно лажните информации, поддршка на саморегулацијата, рече Шекеринска одговарајќи на прашањето од Драган Секуловски  од Здружението на новинари на Македонија за потребата од реформа на јавниот сервис.

За министерката Лаин најсилното оружје против дезинформациите и пропагандата е транспарентноста. На 30.септември, истакна меѓу другото, ви се нуди историска шанса за да се трасира патот за НАТО и за ЕУ.

– Се работи за историја, за вашата култура, за вашиот идентитет, но и истовремено се работи за вашата иднина во евроатлантското семејство. Тоа денес ми е многу појасно. Европскиот пат во иднина да го изодиме позближени, тоа е во позадина на високата фреквенција на посети на Македонија. Имаме уште многу работа заедно и мора многу препреки да минеме, но 30 септември ќе биде камен-темелник, рече Лаин.

На прашањето дали имаме капацитети и како ќе се справиме со сајбер нападите, министерката за одбрана Шекеринска подвлече дека има голема слабост во однос на формалната структура која се занимава со сајбер одбраната. Капацитетите, информира, мора да се градат и во МО и во АРМ. Во Воената академија од лани, потсети, е формирана програма за сајбер безбедност отворена и кон млади, но и кон луѓе од админситрацијата кои можат да се дообучат.

Таа информира дека со неколку земји-членки на НАТО веќе има договори за нивни сајбер тимови да учествуваат во дневната работа и подготовка на нашите институции за да се справат со овој предизвик.

Според Јоханес Раи, официјален претставник на Фондација „Конрад Аденауер“ кај граѓаните, а пред се медиумите во моментот постои одредена замореност во однос на многуте посети на меѓународни гости и нивните препораки за претстојниот референдум. Истото, истакна, важи и за кампањите за референдумот на Владата и на опозицијата.

– Лично сметам дека не е во ред затоа што не се работи за избор помеѓу две политички партии, туку за националните интереси на две држави кои се наоѓаат во Европа. Премалку трезвено и предметно се разговара за договорот во однос на решавање на спорот за името и премалку трезвено се дискутира на таа тема. Важно е пред се да се зборува за последиците и предностите, како и патот кон членството во НАТО и ЕУ, рече тој.

Томас Герберих, амбасадор на Германија изрази надеж дека граѓаните на Макеоднија на 30 септември ќе излезат на референдум и ќе донесат храбра одлука за евроатлантската интеграција и иднината на државата.

Големиот застој во евроатлантските интеграции, констатира Марко Трошановски претседател на Институтот за демократија, изгради дефицит на граѓански организации кои се занимаваат со НАТО. Голем дел ги рефокусираат своите интереси и цели. Според него, угледот и кредибилитет на граѓанбските организации беше значително дескредитиран, бес игнорирани во процесот на креирање политики од страна на државата.

– Политичкиот дијлог е друг предизвик, сведочиме во сериозна криза во политичкиот дијалог, изјави Трошановски.

Зоран Нечев, раководител  во Центарот за ЕУ Интеграции при Институтот за демократија „Societas Civilis“ презентираше две публикации, едната за македонскиот модел на вклучување на граѓанските организации во пристапните преговори, а другата за политичкиот дијалог во РМ.

Емина Нурединоска од Македонскиот центар за меѓународна соработка потенцира дека од развојот на граѓанскиот сектор зависи демократичноста на државата, степенот и брзината на движењето кон процесите на ЕУ.

– Два аспекта се битни. Мониторирањето на процесите на остварување на критерирумите кои треба да ги достигнеме и давањето експертиза за што граѓанскиот сектор има доволно капацитет. Вториот аспект е што државата може да направи за граѓанскиот сектор, а тоа е создавање околина односно директна соработка, рече меѓу другото Нурединоска, додавајќи оти оваа влада е поотворена од претходната влада.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top