skip to Main Content

Дебата за новиот Закон за Судскиот совет

Дебата за новиот Закон за Судскиот совет
  • 20.05.2019

Претставници на Институтот за човекови денеска ќе одржат брифинг во форма на дискусија со новинари  за новиот Закон за Судскиот совет и за работата на Судскиот совет во изминатиов период.

На дебатата, која е дел од проектот „Акција за поголема транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет“, поддржан од Британската амбасада Скопје, ќе се покренат прашања во однос на влијанието на новите измени врз работата на Судскиот совет и пред се на независноста на судството.

На средбата со новинарите ќе дискутираат претседателката на Институтот Маргарита Цаца Николовска, Вера Коцо, Мирослав Драганов, Јелена Кадриќ и Кристина Дода.

Back To Top