skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Дебата: Дали ЕУ е подготвена за членството на Западен Балкан

Дебата: Дали ЕУ е подготвена за членството на Западен Балкан
  • 20.04.2019

Дали ЕУ е подготвена за членството на Западен Балкан е главното прашање за евроинтеграциските процеси, беше речено на денешната панел дискусијата „Ја Избирам Европа: Избори за Европски Парламент 2019 – можности и предизвици за Република Северна Македонија“ што ја организира здружението на Млади европски федералисти.

Според панелистите, не може да се зборува за проширување на Европската унија без длабоки промени на европските институции. Растот на популизмот во Европа и недовербата во ЕУ се голем предизвик во пресрет на претстојните избори за Европскиот парламент, каде гласовите против естаблишментот не се само закана за процесот на ЕУ интеграциите, туку и за економската, социјалната и политичка стабилност на континентот.

– Во јавноста постои замор, поврзан со некои разочарувања по последните проширувања кон исток. Очигледно е дека постои загриженост со владеењето на правото во некои земји членки и затоа постои идејата дека демократската стабилизација на земјите од Западен Балкан е апсолутно задолжителна пред да добијат цврста препорака од Европската комисија, истакна францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Тој посочи дека во Европа има постојана дебата околу суверенитетот и федерализацијата и секогаш постојат предизвици да се најде вистинскиот баланс со оглед дека ЕУ е составена од нации со различни истории, култури и интереси.

Според претставничката на ЕУ делегацијата во нашата земја, Елишка Гертнерова, анализите на изборните резултати во земјите членки на ЕУ-28 покажуваат дека противниците на процесот на ЕУ интеграциите во изминатата декада се речиси двојно зголемени.

Процентот на гласови за политички партии кои се против ЕУ интеграциите на ниво на ЕУ-28 изнесува околу 17 проценти за партиите кои се силно против и околу 26 отсто за политичките опции кои се делумно против процеост на ЕУ интеграциите.

Според Гертнерова, долгорочното намалување на економските перспективи заедно со миграцијата и стравот на локалното население од брзи социјални промени, се во основата на растот на популизмот во Европа.

– Овие проблеми не се само на ниво на ЕУ-28, туку за целиот регион на Европа, вклучително и Балканот. Можен излез од тоа е адресирање на недовербата на гласачите, бидејќи како што видовме гласачите се интелигентни и знаат дека гласачкото ливче е оружје за искажување на незадоволство, истакна Гертнерова.

Како главен предизвик за претстојните избори за Европскиот парламент, Гертнерова ги посочи гласовите против естаблишментот. – Тоа не е само закана за процесот на ЕУ интеграции, туку и за економската, социјалната и политичка стабичност на континентот. Пред нас се важни избори и се надевам дека заедно ќе најдеме решение за овие проблеми на долг рок, рече Гертнерова.

Претставничката на Младите европски федералисти Селин Гајсман, нагласи дека иако често се зборува за тоа дали земјите од Западен Балкан се подготвени за членство во ЕУ, главно прашање за евроинтеграциските процеси е дали ЕУ е подготвена за членството на Западен Балкан.

– Ако утре земјите од Западен Балкан влезат во ЕУ, тоа ќе значи шест нови права на вето, а знаеме дека и досегашното функционирање на ЕУ со 28 земји членки со право на вето е тешко одржливо. Ако сакаме да бидеме подготвени за членството на Западен Балкан ќе бидат потребни институционални реформи на ЕУ, истакна Гајсман.

Оцени и дека главен предизвик на претстојните избори за ЕП е тоа што младите не гласаат, поради што, како што рече, е неопходно да се работи на зголемување на свесноста кај младите во Европа за значењето и важноста на гласањето за Европскиот парламент.

Симонида Кацарска од Институтот за европски политики, нагласи дека новите ЕУ членки се покажале како подобри и покооперативни во носењето на одлуки во ЕУ, што покажало дека стравот од зголемувањето на правото на вето со проширувањето во 2004 година е неоправдано.

– Досегашниот состав на ЕП генерално покажа поддршка за процесот на проширување. Иако, голем дел од европарламентарците кои беа за проширување на ЕУ, кажаа дека не се кандидираат на претстојните избори, верувам дека повторно ќе најдеме нови пријатели и поддржувачи на ЕУ проширувањето, истакна Кацарска.

Back To Top