skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинител врши увид на местото на железничка несреќа во Хиподром каде што во судир на воз и автомобил загина припадник на МВР
Пет дена за барање за амнестија, законот не важи за организаторите и насилниците на упадот во Собранието
Во Кривичен продолжува судењето за „Титаник“
Продолжува комисиската расправа за предлог амандманите на Уставот
Димитров во Брисел на средба на КОРЕПЕР
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Две српски партии го прашуваат Вучиќ дали и зошто му помогнал на Груевски

Две српски партии го прашуваат Вучиќ дали и зошто му помогнал на Груевски
  • 14.11.2018

За бегството на Никола Груевски во Унгарија вчера и денеска информираат сите српски медиуми, а според ТВ Н1, Министерство за внатерешни работи на Србија соопштило дека Груевски нема српско државјанство или пасош и дека се проверуваат информациите дали до Унгарија одел преку територијата на Србија.

Српската опозициска партија Движење на слободните граѓани (ПСГ) на Саша Јанковиќ и Граѓанскиот блок 381 денеска побараа Владата на Србија и Српската напредна партија (СНС) да одговарат која е улога на Белград во бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, оценувајќи притоа дека Србија под власта на СНС станала „безбедна зона” за богатите луѓе кои во своите земји бегаат од правдата.

-Дали Вучиќ му помогнал размислувајќи и за себе, дали незаконски и наредил на разузнавачката служба БИА тајно да го прифати Груевски и да го спроведе преку Србија зашто сака да создаде пракса која утре и нему ќе му треба, прашуваат од ПСГ и Граѓански блок 381 во соопштението до јавноста.

Наведуваат и дека советникот на принцот на Абу Даби, шеикот Мохамед бин Зајед, Мухамед Дахлан, кој е на меѓународна потерница, има добиено државјанството и орден на Србија, а потоа ја има закупено поранешната претседателска вила на Дедиње.

Граѓанскиот блок и ПСГ додадаваат во соопштението дека Србија му дала азил на поранешен романски пратеник Себастијан Гици за кој е распишана меѓународна потерница за перење пари, примање и давање мито, уцена и злоупотреба на класифицирани информации.

-Движењето на слободни граѓани нема да дозволи, по промена на власта, луѓето кои денес на секој начин ја уништуваат Србија, да ја избегнат одговорноста, се вели во соопштението на ПСГ и Граѓанскиот блок 381 кои го објави опозицијскиот весник „Данас“.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top