skip to Main Content

Двајца обвинети за крвавиот четврток излегуваат од притвор со гаранција

Двајца обвинети за крвавиот четврток излегуваат од притвор со гаранција
  • 20.04.2018

Двајца од обвинетите за наслилствaта во Собранието од 27 април минатата година, ќе излезат од притвор бидејќи понудиле гаранција.

Постапувајќи по предлог на одбраната за укинување на мерката притвор за Захарие Симовски, Оливер Поповски и  Горан Ѓошевски, обвинети за настаните од 27 април минатата година, кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 донел одлука за укинување на мерката притвор на двајца од нив.

Советот донел решенија со кои за обвинетите, поранешниот шеф на собраниското обезбедување Горан Ѓошевски и екс началникот на МВР Оливер Поповски се определува мерка за обезбедување присуство – гаранција. Со тоа, мерката притвор ќе се укине, а заради обезбедување на присуство во текот на постапката, ќе им се определуваат мерки за претпазливост.

За третиот обвинет, Захарие Симовски, бил прифатен предлогот за укинување на мерката притвор и се определува мерка куќен притвор.

Back To Top