Дали службите истражуваат паралелна партиска разузнавачка служба?

Дали органите на прогонот истражуваат кој и зошто го следи кандидатот за претседател Стево Пендаровски? Дали обвинителството ќе отвори предистражна постапка за сомнежите кои ги изрази Пендаровски во вчерашното гостување во Студио1? Вакви прашања испративме до надлежните од кои се уште не добивме одговор. Пендаровски рече дека тој и неговото семејство се физички следени од тајна разузнавачка служба на голема опозициска партија. Сигурен е дека дел од нив се вработени во државните безбедносни служби, а се работи за следење на политички опоненти.
Иако Пендаровски нагласи дека се работи служба блиска на опозициската партија, денеска од штабот, како и претседателскиот претендент Гордана Силјановска му импутираа зборови велејќи дека споменал странски служби.
Претседателот на Изборниот Штаб на СДСМ, Александар Кирацовски денеска рече дека МВР презема активности за откривање на лицата за кои има индиции дека го следат Стево Пендаровски. „Штом иден претседател на држава изјавува за одредени индиции и алудира на одредено следење од одредени служби од опозицијата евидентно е дека истите постојат. МВР веднаш презеде иницијатива истите да бидат откриени и изведени пред лицето на правдата“, изјави Кирацовски. Сомнежите за паралелно партиско разузнавање се појавија по објавувањето на прислушуваните разговори, а МВР не излезе во јавноста со инфрмации дали ги истражува сомнежите за паралелна разузнавачка структура сместена во белата палата.
Кристина Атовска
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.