skip to Main Content

Грчкото МНР го повикува Хан да не дава погрешна слика за разговорите за името

Грчкото МНР го повикува Хан да не дава погрешна слика за разговорите за името
  • 24.04.2018

Грчкото Министерство за надворешни работи (МНР), попладнево преку соопштение реагираше на изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан повикувајќи го да престане да дава погрешна слика за преговорите.

– Го повикуваме комесарот Хан да престане да дава погрешна слика за преговорите кои, како што се покажува, не ги разбира. Најмалку што може да направи е да престане да ги поткопува, соопштуваат од МНР на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Back To Top