skip to Main Content

Грчката делегација со песна пристигна на потпишувањето на договорот

Грчката делегација со песна пристигна на потпишувањето на договорот
  • 17.06.2018

Грчката делегација пристигна со песна и со аплауз во Псарадес, каде што министрите на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас се очекува секој момент да го потпишат договорот за конечно решавање на спорот за името.

Македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев патува кон Псарадес со глисер преку Преспанско Езеро.

Документот ќе биде потпишан во шатор поставен во малото грчко село специјално за настанот, по што двете делегации и нивните гости ќе се упатат кон одморалиштето Отешево на македонска страна.

Обезбедувањето на двете страни од границата е толку големо, што медиумите пишуваат дека настанот се случува на „најбезбедното место на светот“.

Back To Top