skip to Main Content

Груевски ќе се бара со други правни акти – Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија

Груевски ќе се бара со други правни акти – Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија
  • 18.11.2018

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи двегодишната затворска казна за набавката на „мерцедесот“.

Правните акти преку кои ќе се бара екстрадицијата на Груевски се Законот за меѓународна правна соработка во кривичната материја, Европската конвенција за екстрадиција од 1957 година и одредбите од Договорот меѓу СФРЈ и Народна република Унгарија за заемна правна помош од 1968 година.

На идентичен начин Македонија од Грција бараше екстрадиција на бегалците Горан Груејвски и Никола Бошковски, бидејќи со таа држава Македонија нема меѓудржавен договор за екстрадиција.

Back To Top