skip to Main Content

Груевски со лисици и маичка – „Ја сакам Унгарија“

Груевски со лисици и маичка – „Ја сакам Унгарија“
  • 22.11.2018

Постер со фотографија од експремиерот Никола Груевски, со лисици и маичка со натпис: „Ја сакам Унгарија“, утрово е поставен на улица во Будимпешта.

На постерот пишува: „Зошто Орбан го крие македонскиот бегалец?

Претходно и на фасадата на унгарскиот парламент осамна постер од Груевски на кој пишуваше „ВИП-мигрантот на Орбан“.

Избеганиот осуден премиер Никола Груевски завчера попладне преку Фејсбук се пофали дека Унгарија одговорила позитивно на неговото барање за добивање политички азил. Речиси истовремено, македонското министерство за правда соопшти дека го испратило до Унгарија барањето за екстрадиција на Груевски.

Груевски на 9 ноември требаше да се јави во затворот Шутка на издржување затворска казна од две години за предметот „Тенк“ на СЈО за набавката на мерцедесот од 600.000 евра, но избега во Унгарија преку Албанија, Црна Гора и Србија и на 13 ноември на Фејсбук кажа дека побарал азил од унгарските власти.

Back To Top