skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Груевски се сликал покрај атрактивна девојка на бизнис журка во Будимпешта

Груевски се сликал покрај атрактивна девојка на бизнис журка во Будимпешта
  • 11.07.2019

Поранешниот македонски премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија непосредно пред да замине на одлежување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, има активен социјален живот во Бидумпешта.

Покрај останатото, Груевски присуствуваше на приватна бизнис забава во главниот унгарски град на 7 јуни во организација на Италијанската стопанска комора во Унгарија – ИТЛ груп, на која, како што објавија медиумите, 8 години по ред се собираат разни личности од јавниот и општествениот живот на Унгарија.

На една од фотографиите објавени на официјалниот фејсбук-профил креиран за овој настан, поранешниот македонски премиер е фотографиран до атрактивна девојка, која може да се види и на други фотографии направени за време на настанот.

Back To Top