skip to Main Content

Груевски останува во Будимпешта

  • 27.06.2019

Судот во Будимпешта го одби барањето на Министерството за правда за екстрадиција на бегалецот Никола Груевски за организација и нарачка на нападот во Собранието на 27 април 2017.

Инаку како што информираа унгарските медиуми, тој денеска пристигна во судот и го следеше судењето со безбол капче и очила за сонце. Забележливо беше дека пред себе носи палто, поради што се претпоставува дека рацете му се во лисици. Тој одбил да даде изјава за новинарите.

Унгарските медиуми прашуваат во какво својство биле мажите во цивили кој стоеле до него во судницата.

Инаку, на почетокот од судењето неговите адвокати побарале да се исклучи јавноста од сослушувањето поради сензитивни информации, кои наводно би се соопштиле. Обвинителите не се противеле на тоа и судот донел одлука рочиштето да биде затворено за јавност.

Back To Top