skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“
Петнаесет-годишно момче се удави во Пчиња
Пожарот кај Пинтија ставен под контрола
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Груевски не се појави на Комисијата за уставни измени

Груевски не се појави на Комисијата за уставни измени
  • 10.11.2018

Поранешниот премиер Никола Груевски не се појави на Комисијата за уставни измени на која што денеска се раправа за третиот нацрт-амандман во втората фаза од процесот за уставните измени.

По три обиди на судскиот курир да му ја достави одлуката за издржување затвор, веројатно доби слободен викенд, бидејќи до утрово не се пријави ниту во затворот во Шуто Оризари.

Ако не се појави во Шутка, каде што треба да ја отслужува затворската казна во времетраење од две години за предметот „Тенк“ поврзан со набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра, поканата ќе му биде врачена во понеделник во судот, каде што треба да дојде на рочиште. Доколку не се случи ни тоа, може да биде баран со потерница и спроведен со полиција.

Претходно Груевски побара одложување на затворската казна, а како причина неофицијално ги навел пратеничките обврски на седниците за уставните измени.  Кривичниот совет вчера ја потврди одлуката на судијата за извршување на затворската казна.

Back To Top