skip to Main Content

Груевски на фејсбук: Апсењето на Чавков е одмазда на Заев за предметот „Поткуп“

Груевски на фејсбук: Апсењето на Чавков е одмазда на Заев за предметот „Поткуп“
  • 13.03.2019

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој побегна во Унгарија непосредно пред да почне со издржување на затворската казна за случајот „Тенк“, повторно се јави од Будимпешта со подолг коментар на фејсбук, за апсењето на порашениот министер за внатрешни работи Митко Чавков.

-Ова трето по ред апсење на Митко Чавков, како и претходните две, како и целиот прогон против него е лична одмазда на Зоран Заев кон него заради предметот „Поткуп” каде по лична пријава на жртвата бизнисмен, по налог на обвинителството и со спроведен налог од МВР со видео снимка се документираше и предаде на судот очигледен доказ кој потоа стигна и до македонската јавност која виде како градоначалникот Зоран Заев бара поткуп и објаснува како тоа е нормална работа во неговата општина“, напиша азилантот Груевски.

Тој додава дека можел само да замислам под каква тортура и притисок во овие неколку години е и лицето бизнисмен кој го пријавил барањето мито во МВР.

http://

Back To Top