skip to Main Content

Груевски: Заев и Кацарска се договориле да ме прогласат за виновен, а за возврат таа да стане претседател на Апелација

Груевски: Заев и Кацарска се договориле да ме прогласат за виновен, а за возврат таа да стане претседател на Апелација
  • 14.05.2018

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е еден од обвинетите во предметот „Тенк“ на СЈО, денеска изјави дека премиерот Зоран Заев, како што рече тој, се спогодил со судијката Добрила Кацарска која го води предметот за набавка на луксузниот мерцедес. Според Груевски, Кацарска треба да го осуди за виновен, а за возврат и е ветено дека ќе биде поставена за претседател на Апелациониот суд.

-Заев пред извесно време даде изјава која во секоја нормална земја би била скандалозна. Тој им порача на неговите симпатизери ќе се видело дека има правда дека наскоро доаѓа пресуда за „Тенк“, ќе се видело дека нема договор меѓу Заев и Груевски. Тој имплицинтно, меѓу редови ги потврди гласините кои претходно постоеле дека тој со судот веќе договорил каква да биде пресудата. Овие гласини стануваат се пореални, дека како што пишуваа порталите и медиумите во претходните месеци во кои се тврди за направен договор со главниот судија на процесот, госпоѓата Добрила Кацарска, тој да и овозможи да напредува во судија на Апелациониот суд и веднаш потоа во претседател, а дека за возврат ќе добие да биде ослободен и прогласен за невин во „Поткуп“. И уште една работа јас да бидам прогласен за виновен во овој случај – изјави Груевски.

Експремиерот  на една од паузите на денешното судење за предметот „Тенк“ повтори дека според него, судскиот процес  бил политичка хајка.

„Целата држава знае дека станува збор за хајка“, рече Груевски.

Инаку, овој предмет е во завршна фаза, за во петок се закажани завршните зборови и изрекување на пресуда.

Back To Top